Пејачката и победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ е позната по љубовта кон животните, а нејзиното куче Хак, кое со години ја следи во добро и лошо, неодамна наполни четири години, а пејачката подготви изненадување.
Меѓутоа, неодамна нејзиниот дом е побогат за уште еден член, кој го претстави на Велигден. Имено, станува збор за зајак, кој таа го нарече Зеко.
Освен што им го честиташе празникот на обожавателите и придружниците, пејачката го претстави и Зеко.
– Драги и добри луѓе, Христос Воскресе. Бидете храбри, чесни, вредни, мудри . Домот на Шерифовиќ од денеска е побогат за уште еден член. Се вика Зеко. Велат дека ова животно значи зора, создавање, нов почеток, раѓање на живот, долговечност и среќа – напиша Марија под фотографијата со зајакот.