Сенатот го потврди именувањето на Кејт Мери Бaрнс за нов амбасадор во Скопје

ИЗВОРТелма
|

Сенатот на САД со вчерашното гласање го потврди именувањето на Кејт Мари Бaрнс за нова амбасадорка во Северна Македонија.

Бaрнс во ноември минатата година беше номинирана од претседателот Трамп за нова амбасадорка на САД во нашата земја, на местото на досегашниот амбасадор Џес Бејли. Пред гласањето во Сенатот таа го помина и филтерот на Комисијата за надворешни односи при Сенатот.

Таа e дипломат од кариера. Досега беше на позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ, во Виена.

Засега не се соопштува кога Бaрнс се очекува да ја прземе должноста во Амбасадата во Скопје.

Досегашниот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли си замина од функцијата на крајот од февруари, годинава.