Сенида Хајдарпашиќ или попозната во јавноста како Сенидах идната година ќе ја претставува Словенија на Евровизија, дознава „Курир“.
Моментално една од најпознатите музичарки во регионот отсекогаш имала желба да се проба на најстариот музички фестивал, а во 2014 година била на чекор од тоа да успее во намерата. Со својот бенд тогаш го освоија второто место на словенскиот фестивал за Песна на Евровизија.
Како што стојат работите засега, таа следната година ќе добие шанса од организаторите сама да ја претставува својата држава, без учество на национално натпреварување и веќе почнала да ја прави песната за таа прилика.
– Сенидах многу се израдува на поканата да ја претставува Словенија во Холандија. Евровизија е негова најголема љубов. Сето тоа доаѓа во време кога гради интернационална кариера, па овој европски фестивал добро ќе и дојде за промоција, открил извор близок до пејачката.