Сепак љубовта победи: Мигрантката Нора и полицаецот Боби повторно заедно (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

За љубовта на Али Нора Аркавази и Боби Додевски се заљубиле пишуваа сите светски медиуми. Курдска муслиманка мигрант и православен полицаец, кои откако се сретнаа на калливиот граничен премин на почетокот на март 2016, се венчаа само четири месеци подоцна.

Боби раскажуваше и за моментот кога прв пат ја здогледал Нора на ничија земја помеѓу двете држави, додека бил на должност.

Тоа беше судбина, им раскажуваше тогаш полицаецот на новинарите на агенцијата АФП во неговиот стан во Куманово каде среќно живееше со својата млада сопруга.

Но, само две години подоцна, кога нивниот син имаше само една година, двојката се раздели. Нора замина за Ирак, Боби остана тука во Куманово.

Пред заминувањето, Нора за јавноста изјави дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега била побезбедна, и таа сакала да им помага на беглаците во нејзината земја.

Но, за тоа дека љубовта е посилна од сè и не познава граници и пречки, доволно раскажуваат фотографиите кои двајцата ги објавија на своите социјални профили деновиве, пренесува „Фокус“.

Тие потврдија дека повторно се заедно, во брак, и како љубовта победила.

„Ние повторно се сакаме, ние засекогаш ќе се сакаме“, напиша Нора под заедничките фотографии.

Нивни пријатели од Куманово на тоа одговорија: „Па, вие никогаш и не престанавте да се сакате“.

Бегалец е и нејзиниот брат, сестрата и родителите кои тргнале на долгото патување. Ја поминале границата со Турција, потоа со стигнале на грчкиот остров Лезбос, од каде влегле во Македонија. Главната цел им била Германија.

Нејзиното семејство продолжило кон Германија, а Нора одлучила да остане во Македонија.

-Имав сон да живеам со моето семејство во Германија – вели таа и додава дека не ни замислувала какво изненадување ја чека во Македонија.

Боби кој се разведувал два пати, вели дека сега знае како нашол некој посебен.

-Кога ја здогледав, видов нешто добро во нејзините очи – раскажува Боби за странските медиуми.

Нора зборува шест јазици, почна да помага во локалниот Црвен крст и вели дека и се допаѓа што нејзиниот сопруг полицаец игра со децата на мигрантите. Боби ја побарал Нора за жена во април додека биле на вечера во еден ресторан.

-Му реков не, мора да се шегуваш. Но тој десет пати повторуваше: “Сакаш ли да се омажиш за мене” – вели Нора.

Таа конечно кажала “да“ но била загрижена како ќе реагираат нејзините родители што се мажи за човек кој не е муслиман. Им кажала дека одбрала добар човек за да го помине животот со него, но родителите биле лути.