Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 1.12.2021 година, регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 km југозападно од Скопје, во близина на Кичево.
Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес е регистриран во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а вториот кратко по првиот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.