Серискиот убиец од Градачац, Нермин Сулејмановиќ се самоуби пред очите на полицијата

|

Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознаваат босанските медиуми

Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм. Тој не застанал тука и продолжил со крвавиот чин. Како што потврдија за Кликс од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени.

Исто така, има и неколку ранети. По ова тој повтроно се вклучил во живо на Инстаграм од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата. Покрената е голема полициска акција, а како што јавува Кликс тој потоа се самоубил пред очите на полицијата.