Поднесени се кривични пријави против шест лица од Русија, Скопје, Куманово и Струмица за приложување лажен ПЦР тест на Граничниот премин „Табановце”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.К.(25) и А.К.(31), двајцата од Куманово, Е.М.(32), А.О.(20), М.А.(36), тројцата од Струмица и С.Р.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здраствените прописи за време на епиде*ијата”, велат од МВР.
Пријавените, кои имале решенија за домашна изолација, при контрола од полициски службеници, на излез од државата на Граничен премин Табановце покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови.