Сестрата на Емина Јаховиќ е успешна докторка, но не се експонира во јавноста – кога ќе видите како изгледа ќе ја помешате со пејачката (ФОТО)

|

Емина Јаховиќ не сака многу да зборува за својот приватен живот, но од она што е прикажано на социјалните мрежи, таа има постара сестра Сабина, а следбениците се изненадени од тоа колку всушност тие си личат.

Приватниот живот на Емина Јаховиќ неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, најмногу поради судењето на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, како што наведоа тогаш, поради неплатена алиментација. Јавноста беше изненадена од овој потег затоа што тие се разведоа пријателски и двајцата изјавуваа само добри зборови еден за друг.

Потоа Мустафа поднесе противтужба и докажа дека платил се како што треба, па пејачката неодамна го врати љубовниот живот во центарот на вниманието. Иако се шпекулира дека има ново момче, Емина поголемиот дел од времето го поминува со постарата сестра Сабина.

Освен што не ги покажува во јавноста, Емина не сака да зборува за најблиските членови на семејството. Таа е неизмерно врзана за нив, а најголемата поддршка ѝ е постарата сестра Сабина. На социјалните мрежи има објавено и слика од нивната мајка на која може да се забележи дека всушност и двете убавината ја наследиле токму од неа. Освен разликата во годините, тие две изгледаат идентично.

Сличноста на Сабина и Емина е, благо кажано, неверојатна. Изгледаат како близначки.

Инаку, Емина порасна во медицинско семејство. Нејзината мајка е педијатар, нејзината сестра е детски психијатар, а таткото на пејачката Нусрет бил кардиохирург. За жал, тој заминал од овој свет во 1995 година додека Емина била сè уште млада.

Пејачката има и брат Мирсад, кој е познат кошаркар.