Мелита Ракичевиќ, некогашната македонска ТВ водителка и трендсетерка се’ уште престојува во Дубаи. Приватно, работно, замината да печали или едноставно да ужива, македонската убавица јавно не открива.
Она што може да се види е дека постојано е подготвена за добар провод, без оглед дали е во прашање ноќна журка или дневна забава…
Патем, во убавините на Емиратите, оние природните и оние вештачко создадените и изградените нели, Мели знае како да ги вклопи сопствените телесни убавини… И оние што на себе ги носи благодарение на мајката природа, како и оние бујни атрибути ги што ги има благодарение на врвните достигнувања на естетската хирургија.
Како и да е, она што секојдневно го нуди постирајќи нови фотографии на социјалните мрежи, некого ќе го наежи, некого, го возбудува, некого излудува… Зависи кој како ја доживува и кој како ќе ја сфати, оваа македонска убавица моментално лоцирана во Обединетите Арапски Емирати.
А, Мелита не би била тоа што е, ако не знае да изненади и од кожа да ве извади. Овој пат, случајно или намерно, Мели ги сменила улогите па приложи чудни фотографии.
Фотографирана во шарена блузичка со долги ракави, а од половина надолу во долен дел од црно бикини на ситниот песок на плажата, Мелита ги зачуди сите што од неа го очекуваа токму спротивното!?
Вистина.мк