Центарот за социјална работа ја пријавила Северина Вучковиќ бидејќи го навредувала и омаловажувала работникот на центарот.
Пејачката се јавила во Центарот за социјална работа и во разговор со службено лице од оваа институција постапила вербално агресивно.
Пејачката наводно протестирала зошто оваа институција праќа уште еден социјален работник да ја посети мајката на Северина.
Социјалниот работник се обидел да и објасни на пејачката дека Центарот за социјална работа е должен да реагира на секоја пријава и сомнеж дека имало семејно наси*ство.
„Меѓутоа, не ја интересираше што имаме да кажеме, туку продолжи: Ве јадам сите, ова е сра*е, девет години ме малтретирате и сега е доста“, ги навела социјалната работничка зборовите на Северина.
Пејачката потоа продолжила да ги навредува вработените, а социјалниот работник ваквото однесување го протолкува како вербално наси*ство.
Сето ова го потврди загрепската полиција, па редовно ќе поднесува обвинителен акт до Општиот прекршочен суд во Загреб.