Северина не ја почитува одлуката на судот – повторно објави фотографија од синот и ги растажи фановите

ИЗВОРnovlist.mk
|

Познатата хрватска пејачка Северина Којиќ која неодамна го изгуби старателството над синот Александар на социјалните мрежи сподели негова фотографија.


На Северина пред само неколку недели и се случи најтешкиот момент во нејзиниот живот – судот во Загреб одлучи нејзиниот син Александар во иднина да живее со својот татко, познатиот српски бизнисмен Милан Поповиќ.

Според судската одлука со мајката ќе може да поминува само 88 часа месечно, објавија тогаш хрватските медиуми.


Таа преку медиумите најави дека нема да престане да се бори за да го врати старателството, а деновиве објави и фотографија од нејзиниот син. Покрај фотографијата, Северина напиша и стих од песната „Галеб“ на Оливер Драгојевиќ.
Нејзините обожаватели беа трогнати од емотивната објава, но таа се коси со одлуката на судот, пишуваат медиумите.

Имено, на барање на поранешниот свршеник и татко на нејзиното дете, Милан Поповиќ, Северина и нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ своевремено мораа да ти тргнат сите фотографии од малиот Александар на социјалните мрежи и за тоа да платат дебела парична казна. Тогаш судот наводно забранил било какво јавно експонирање на детето