Таа не е првата на која ова и се случило, а сигурно нема да биде ниту последната која ќе падне на сцена за време на концерт. Имено, Северина на својот настап во загрепска „Лауба“ во еден момент се сопна додека танцуваше и заврши на задникот. За среќа, без никакви последици.
„Имав кореографија да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано…Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“, се пошегува на своја сметка сплитската пејачка со видеото што го сподели со 1,3 милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм.
Меѓу коментаторите се огласи и Ела Дворник која на најавата на Северина на хумористичен начин додаде: „Добро, потпетицата е како што треба“.
Инаку, Северина брзо се опорави од изненадувањето откако се најде на подот, а настапот го продолжи седејќи мирно и низ смеа велејќи ѝ на публиката „Каде сте вие, се уште ли сте на нозе?“. Таа случка и се случи во штикли кои вообичаено ги носи и во многу краток предизвикувачки црвен фустан од Матија Вуица.
Сепак, како што заклучуваат коментаторите на социјалните мрежи, таа успеала да направи се многу елегантно, вклучително и самиот пад.
https://www.instagram.com/reel/Crneb9Kow7u/?igshid=YmMyMTA2M2Y=