Северина пееше во Струмица ама прво дојде во Скопје кај овој познат Македонец (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватската пејачка и сегашна српска снаа, Северина Којиќ секое лето доаѓа во Македонија.

Минатата година беше дури двапати, а ова лето 2019-то нејзината концертна станица беше Струмица.

Но, пред да замине таму, Северина се смести во Скопје во еден од најелитните скопски хотели во општина Аеродром од каде објави една фотографија од фоајето.

Нешто подоцна, односно пред да се упати јужно, таа како и секогаш кога доаѓа во Македонија, помина време со својот пријател и стилист, Александар Билјановски –Дадар кој Севе не го менува ни случајно.

Откако ја нашминка, пејачката позираше пред неговиот фотообјектив, нормално презадоволна од шминката, а потоа направија и една заедничка за спомен и ја објавија на социјалните мрежи.

Голем број регионални ѕвезди кога доаѓаат за настапи во Македонија, безрезервно му ја препуштаат довербата на талентираните раце на нашиот најпознат стилист Дадар.