Северина отпатува во Мадрид за да ужива во хитовите на популарниот британски рок бенд Ролинг Стоунс. Пејачката на Инстаграм се пофали со фотографиите и снимките од концертот, но сите го коментираа нејзиниот стајлинг, нагласувајќи дека „изгледа како девојче“.
Нејзината модна комбинација не можеше да остане незабележана. Северина носеше краток топ од брендот Celine, тексас шорцеви, спортски чорапи и патики, но најголемо внимание привлече чантата на луксузниот моден бренд Boyy.
Оваа чанта доаѓа во два модели, а пејачката се пофали со првиот. Чини 995 долари, додека другиот модел е многу поскап, 29.620 долари.
Она што е интересно е што чантата има многу необичен, „неправилен“ дизајн, додека боите одговараат на речиси се што можете да замислите. Без разлика дали се работи за елегантна или спортска, опуштена комбинација како онаа на Северина, нема да погрешите доколку со неа го комплетирате аутфитот.
Модните експерти веќе и предвидуваат голем успех, бидејќи стана најбарана меѓу познатите дами, трендсетерки и инфлуенсери ширум светот.