Северина со емотивна порака до Александар: „Ти благодарам што ми даде неопислива сила и храброст“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Северина Вучковиќ со емотивна порака му го честиташе десеттиот роденден на синот Александар.

Северина Александар го доби со поранешниот партнер Милан Поповиќ, а после тоа осум години се бореше за старателство.

Mинатата година беше одлучено детето да биде заедничко, а пејачката вчера преку Инстаграм му го честиташе роденденот и испрати силни зборови и силна порака.

– Поминаа десет години откако првпат ги видов најубавите очи на светот. И сè ми беше лесно во овие десет години, само ако погледнав во тие очи  – напиша и додаде:

Ти благодарам синко што ми даде неопислива сила и храброст. Ти благодарам што ми даде бестрашна љубов кон тебе. Мојот благослов и срцето на моето срце – напиша пејачката.

Потсетуваме, Северина неодамна зборуваше за својот син, кога за прв пат откри како изгледал нејзиниот татко.

Таа на социјалните мрежи ја објави фотографијата на нејзиниот татко, а она што многумина го забележаа е дека Александар личи на својот дедо.