Северина со солзи во очите ја прокоментира одлуката на судот со која го изгуби старателството над синот

|

Хрватската поп ѕвезда се уште не знае на која адреса ќе живее нејзиниот син Александар.

Судијата Теа Голуб утринава донесе привремена мерка со која се одлучи синот на Северина, Александар привремено да живее со неговиот татко Милан Поповиќ кој во иднина ќе се грижи за здравјето и образованието на синот.

Иако, Којиќ долго време водеше битка за својот син, тој отсега ќе живее со неговиот татко, пренесуваат медиумите.

Ова одлука потполно ја шокираше Северина која не може да се смири откако дозна дека и одземено старателството над синот.

„Не знам што да ви кажам. Не го очекував ова поради тоа што е направено прикинување во постапката“ вели Северина во солзи, а пренесува „јутарењи.хр“.

За потсетување, Северина неодамна на една пресконфернција истакна дека нејзиниот син бил малтретиран во училиште.