Црна Гора е во потрага по сезонски работници. Според проценките на Заводот за вработување ќе бидат потребни околу 20 000 работници, па претставниците на Владата и работодавачите ги повикуваат домашните работници оваа сезона да аплицираат за работа на црногорското приморје.
Целта е преку овој повик невработените лица во Црна Гора да можат да работат во текот на летната сезона.
Иако во Црна Гора бројот на невработени лица е се уште висок, сепак охрабруваат податоците што овој број од година во година се намалува. Во моментов бројот на невработени лица кои се евидентирани во Заводот е 38 500, што е за 18,4% помал во однос на бројките минатата година. Верувам дека и оваа година црногорското приморје ќе биде дестинација за голем број домашни рабоници, истакна Суљо Мустафиќ, директорот на Заводот за вработување.
Според искуствата од претходните години, најмногу слободни места има во областа на туризмот, угостителството, трговијата и услугата. Проценката е дека работа ќе има за околу 20 000 сезонски работници, истакнува Мустафиќ.
Претседателот на црногорското туристичко здружение, Жарко Радулович вели дека не постои работодавач во Црна Гора кој нема да сака да вработи домашен работник.
Немаме доволно работна сила. Во туризамот имаме потреба помеѓу 5 и 7 илјади работници. Нашите работници не сакаат да работат, бидејќи платите се мали. Меѓутоа, тие се толкави колку што може да се даде во овој момент, вели Радулович.
Платата на еден сезонски работник во Црна Гора е околу 500 евра, а од регионот само во Хрватска оваа бројка е поголема.