Сместена во областа Епир, спроти островот Крф, на бреговите на прекрасното Јонско море, Парга се истакнува со својот специфичен изглед и дух.
Ова омилено грчко место всушност потсетува на старите медитерански гратчиња. Корените на Парга потекнуваат уште од античкиот период, но во поединечни периоди била под доминантно влијание на западната цивилизација и култура. Токму тој спој и комбинација на различни влијанија ја прават Парга специфична и посебно атрактивна.
Сите куќи во Парга се обоени во три бои – црвена, жолта или бела, а токму таквиот изглед создава вистинска магична глетка. Недалеку од градската плажа се наоѓа карпесто островче на кое е сместена мала црква до која може да се доплива.
На брдото над самиот град се наоѓаат остатоци од венецијанскиот замок од кој се пружа прекрасен поглед. Парга се одликува и со неверојатни плажи со егзотична и чиста вода.