Дека стареењето во Холивуд се уште е непожелно покажува и новиот пример на 53-годишниот актер Вил Смит, кој очигледно малку се „подобри“ во месецот на промоцијата на новиот филм „Кралот Ричард“, па се појави во бројни британски и американски ТВ емисии во неочекувано младешко издание, со „трајно зачуден“ израз на лицето.
Многу твитерџии, меѓу другите појавувања, го забележаа неговото појавување во емисијата „The One Show“ на Би-Би-Си. „Вил Смит не личи на Вил Смит“, „што направи со лицето? и „изгледа поинаку, но не можам да разберам зошто“ се само дел од забелешките на коментаторите.
Гледачите забележале дека лицето како да не мрдало на видеото, а кожата му била „испеглана како во времето на принцот од Бел-Ер“.Некои неговото појавување го нарекле роботско.
Познатиот актер во емисијата промовираше филмска биографија во која го игра таткото на познатите тенисерки Серена и Венус Вилијамс.
Гледачите забележале сличен израз на лицето при неговата посета на познатиот комичар Тревор Ноа и на други гостувања на славниот Смит.