Во продолжение ви набројуваме неколку од карактеристиките на боите:
Бела
Бојата на мирот и сигурноста. Оваа боја исто така претставува чистота, па затоа ја носат невести и доктори.
Сива
За оваа боја се вели дека е неутрална боја и притоа дава чувство на контрола и смиреност. Се препорачува за деловни ситуации кога сакате да оставите впечаток. Компании како Apple и Mecedes-Benz ја користат сивата боја како основа на нивните логоа.
Црна
Црната боја во суштина претставува елеганција и моќ. Луѓето црната боја ја поврзуваат со супериорноста, високата класа и големиот статус. Пример за познати брендови со црна боја на логото се: Nike, Adidas, Disney, Sony…
Сина
Позната е и како кралица на боите, бидејќи највеќе се истакнува од сите. Оваа боја стимулира креативност. Интересен податок е дека според некои истражувања сината боја важи за најомилена боја во светот. Позната компанија која користи сина боја е Facebook.
Зелена
Оваа боја е бојата на здравјето и просперитетот. Се перцепира и како боја на смиреноста бидејќи е боја која најчесто се среќава во природата. Зелени логоа можат да се видат на компании како Animal Planet и Starbucks.
Црвена
Црвената боја означува страст, пасија, енергија и активност. Многу компании како McDonalds, Burger King и Coca Cola ја користат црвената како основна боја во своите логоа.
Жолта и портокалова
Фокусираност, позитивни чувства, среќа. Ова се карактеристиките на овие две бои. Пример за компании со жолта или портокалова боја на своето лого се Ferrari, Ikea, Snapchat.
Виолетова
Станува збор за бојата на луксузот и благородништвото. Претставува богатство и софистицираност. Многу компании ја употребуваат само во мали елементи од своите логоа.