Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот Femme Fatale.
„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење.“ – рече Сара Мејс.
Тизерот може да го видите на: https://youtu.be/uUFWRRgE3Xw
Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.