Што прво гледате на сликата: Жена, маж, оган или свеќник?

ИЗВОРНов Лист
|

Можеби за себе имате едно мислење, а реалноста е сосем поинаква, затоа ваквите психолошки тестови се интересни и се пожелни за правење, бидејќи преку нив може да откриете и работи кои никогаш не сте ги знаеле за себе. Преку овој едноставен тест можете многу да откриете за себе. Сликата подолу е составена од повеќе илустрации. Вие само треба искрено да одговорите, што прво гледате на сликава?

ОБЈАСНУВАЊЕ: Свеќник

Имате широк поглед на светот. Плановите секогаш ви се величествени. Но, понекогаш заборавате на деталите, на нијансите. Вие имате големо срце. Луѓето често ве искористуваат. Морате да бидете претпазливи и внимателно да ги избирате пријателите.

Жена

Вие сте суптилни и сензуални. Сакате да го идеализирате животот и затоа понекогаш не водите сметка за реалноста која ве опкружува – летате во облаци. Тоа и не така лошо, ако се земе предвид дека се помалку има романтични души. Но, од друга страна, светот во кој живееме може да биде комплициран и разочарувачки. Важно е, од време на време, да се вратите во стварноста. Во спротивно, животот ќе ви се претвори во постојано прескокнување пречки.

Маж

Вие сте мирна личност и луѓето кои се околу вас се чувствуваат безбедно и заштитено. Во комуникацијата сте концизни и не зборувате многу. Промислени сте и креативни. Се контролирате и внимавате како се однесувате. Она што не е за пофалба , е тоа што не се грижите доволно за своите блиски. Затоа, посветете се на луѓето кои ги сакате. Само така и тие, но и вие, ќе бидете посреќни .

Оган

За вас може да се каже дека се разликувате од повеќето луѓе. Вашиот начин на размислување отскокнува од стандардното. Вие имате сопствена визија на светот. Дури и оние кои ви се блиски, понекогаш не ве разбираат. Но, тоа и не е толку важно! Важно е вие да не се менувате и да останете какви што сте. Не дозволувајте да ви ја уништат самодовербата.