Што се случува помеѓу Гага и Бредли Купер откако тој ја прекина врската?

ИЗВОРСкопје24
|

Бредли Купер и Лејди Гага дефинитивно ја обележаа првата половина од оваа година, кога станува збор за светскиот шоубиз и озборувањата за приватниот живот.

Откако на доделувањето на Оскарите заљубено ја испеаа хит песната „Shallow“, од нивниот заеднички филм „A Star Is Born“, илјадници фанови не можат да поверуваат дека помеѓу нив ништо не се случува.

Гласините за љубовта помеѓу Гага и познатиот актер започнале уште пред премиерата на филмот, а кулминирале откако таа го остави вереникот Кристијано Карин.

Пред неколку недели се распадна и врската на Купер, со руската манекенка Ирина Шајк, која траеше дури четири години. Според пишувањата на таблоидите, Лејди Гага моментално се чувствува лошо, бидејќи мисли дека таа е виновна за распаѓањето на врската на Ирина и Бредли. Дејли Мирор пренесува дека Гага одбива да се сретне со актерот и се држи на дистанца, иако до неодамна често се дружеа и двајцата тврдеа дека меѓу нив се родило посебно пријателство.

Многу обожватели очекувале дека Купер и Гага наскоро ќе признаат дека се заедно, но тоа уште не се случило. Некои извори тврдат дека Гага знае дека таа не е причината за раскинување на неговата врска, но се чувствува лошо бидејќи не успеала да му помогне на парот да ја сочува врската. Истите извори велат дека Бредли силно го надминува раскинувањето со Ирина и дека нова врска не му е приоритет.

Меѓутоа, и тој и Гага се надеваат дека повторно ќе работат заедно.