Што си посеал, тоа ќе жнееш – Нетфликс и Сони ги одложија проектите со Вил Смит

ИЗВОРНов Лист
|

Набргу по одлуката на Вил Смит да ја напушти Американската филмска академија, некои од неговите претстојни проекти на кои требаше да работи за Нетфликс и Сони беа одложени поради тоа што го предизвика на Оскарите, пишува Холивуд Репортер.

Актерот кој го изненади светот со шлаканица на комичарот Крис Рок на сред церемонија затоа што непримерно се пошегува на сметка на сопругата Џејда Пинкет Смит, веќе ги чувствува последиците од своето избрзано однесување.

Имено, Нетфликс бараше нов режисер на филмот Fast and Loose откако Дејвид Лајч се повлече од проектот пред Оскарите.

Смит требаше да глуми мафијашки шеф кој ја губи меморијата, но Нетфликс засега ги промени неговите планови.

И Sony одлучи привремено да ја одложи работата на филмот „Bad Boys 4“ кој се подготвува во пресрет на доделувањето на наградите.

Според Холивуд Репортер, слични одлуки би можеле да донесат и други филмски компании.

Во изјавата објавена на 1 април, во која ја објави својата оставка од Академијата, Смит рече: „За промената е потребно време и јас сум подготвен да работам за никогаш повеќе да не дозволам нас илството да надвладее над разумот“.