Што треба да направи секој хороскопски знак до крајот на октомври?

ИЗВОРНов Лист
|

Полека се ближи крајот на Октомври, но тоа не значи дека немате време да направите нешто за себе до крајот на месецот.

Веројатно секој ден сте преплавени со обврски, па не ни помислувате на активност што ја сакате или што е добра за вас. Затоа, послушајте ја астрологијата и погледнете што треба да направите за себе до крајот на овој месец.

Овен
Конечно искористете го слободниот ден што ви е навистина потребен. Одвојте барем еден ден во кој нема да одговарате на пораките и мејловите и нема да си создавате стрес за работата.

Бик

Бидејќи постојано сте во затворена просторија, обидете се да поминете еден ден на отворено, во природа. Овој ден уживајте во сонцето и заборавете на вашата соба.

Близнаци

До крајот на октомври, организирајте семеен ден. Соберете го целото семејство и направете вечера, организирајте пикник или правете што било заедно.

Рак

Одвојте еден ден само за себе. Овој ден бидете себични и не правете услуги никому, освен себе си. На овој ден, фокусот нека ви биде насочен кон себе.

Лав

До крајот на месецот одвојте еден ден за „мамење“. Овој ден не грижете се за исхраната и линијата и пијте и јадете што и да посакате. Најважното е воопшто да не чувствувате вина.

Девица

Вам ви е потребен еден „мрзлив“ ден, па обидете се да го направите тоа до крајот на октомври. Одвојте еден ден во кој нема да правите ништо. Само релаксирајте се и одморете.

Вага

Дозволете си да поминете еден ден без социјални мрежи. Исклучете ги компјутерот и телефонот и обидете се цел ден да не погледнете во екран.

Скорпија

До крајот на октомври, одвојте ден што ќе го поминете без пријатели. Искористете го денот да работите на проектите што најмногу ви значат и одново поврзете се со себе.

Стрелец

Одвојте еден ден само за вашиот партнер. Разговарајте со часови, гледајте нешто и целата енергија вложете ја во оваа дружба.

Јарец

Вам навистина ви е потребно да се опуштите, па до крајот на месецот, одвојте барем еден ден во кој ќе си го дозволите тоа.

Излезете и пијте колку што сакате и дозволете си после толку време, вистински да се опуштите.

Водолија

Сè што ви е потребно до крајот на месецот е ден во спа-центар. Одвојте ден само за релаксација и разубавување и не помислувајте на ниту една грижа.

Риби

Бидејќи премногу се критикувате, до крајот на месецот одвојте еден ден во кој нема да кажувате ништо лошо за себе. Воздржете се од секоја критика и покажете си малку љубов.