Учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ и Елена Миленковска деновиве ја објавија веста дека чекаат уште едно дете. Тие двајца веќе го имаат синот Максим, а според пејачката веќе планираат и трето дете.
-Новото доаѓање доаѓа во септември, многу сме среќни. Не би сакале да застанеме на второ дете, нашата цел е три. Тоа ни е најважно, семејството е на прво место. Секако дека има и музика, но сакаме да му посветиме максимална енергија и љубов на семејството – откри пејачката.
Признаваат колку грижа и љубов посветуваат на својот син, а пејачот објаснува дека една од причините е неговата примарна професија како воспитувач.
Иако одамна не работи во градинка, имал желба еден ден да отвори своја. Сепак, мислењето почна да се менува.
-Тоа ми беше намерата кога првпат дојдов во Белград, одев од градинка во градинка оставајќи го моето CV со желба што побрзо да почнам со работа и да стекнам искуство за 20 години да имам своја градинка. Но, сфатив дека ако отворам градинка повеќе ќе работам со инспекции, луѓе, документи и дозволи отколку со деца, па полека се откажав од таа идеја. Сепак, мислам дека работата со деца е најдоброто нешто, бидејќи така се инвестира во оние кои еден ден ќе го изградат овој свет – објасни Гуте.