Швајцарија бара работници: За 5 професии над 10.000 слободни места

ИЗВОРСкопје24
|

На Швајцарија и недостигаат голем број занаетчии кои моментално важат за најбарана работна сила на пазарот на труд.

Според официјалните податоци, на Швајцарија во моментов и недостигаат 42.778 занаетчии, а компаниите имаат вкупно 198.097 слободни работни места, покажуваат податоците објавени од JobChannel AG.

На пример, електротехничката компанија од Винтертур не може да најде електроинсталатери и сервисни техничари.

Занаетчиските професии со години наназад се во дефицит
Неколку години наназад, најнепополнети работни места се занаетчиските професии.

Во моментов се бараат околу 4.000 електромонтери, 2.260 инсталатери, 2.143 столари и околу 1.500 ѕидари и молери.

Швајцарија моментално ги анализира и причините за недостатокот на занаетчии, бидејќи не е јасно дали за тоа е виновна дигитализацијата или лошата положба на занаетчиите во општеството.