Си разменувале пцовки и боксови: Нов скандал во македонската црква

ИЗВОРСкопје24
|

Македонци кои живеат и работат во Мелбурн, Австралија се испотепале во црквата „Св. Димитрија“ во Спрингвел. Причината не е јасна, објави порталот Фаланга.

Погледнете го видеото:

Ова не е прв ваков скандал во оваа црква во Мелбурн, пред 10тина дена за празникот Водици исто така се случи голем скандал, кога граѓаните не можеа да влезат во црквата бидејќи таа беше заклучена и никој не знаел каде е клучот. Уште тогаш се споменуваше фактот дека некој од епархијата го земал имотниот лист и со тоа има право со неа да прави што сака, поради што граѓаните беа бесни.

Верниците и свештеникот кога утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ во Спрингвел, Мелбурн, наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот кој е изгубен, а верниците, револтирани и вознемирени, бараат објаснувања и одговори.

И самиот свештеник кој изненаден од ситуацијата која ја среќава при пристигнувањето во црквата вели „Мора да го фрлиме крстот, денеска е голем празник. Голем грев е доколку не го фрлиме…“.

Според зборовите на свештеникот, од епархијата биле многу зафатени, сите биле на служба и никој од присутните немал клуч од црквата… Граѓаните револтирани велат не е ова прв пат да наидат на затворени врати, истото се случило и пред две недели.