Сиаргао на Филипините е прогласен за најубавиот остров на светот: Скриени плажи и рај за сурферите

ИЗВОРСкопје24
|

Едно од највлијателните списанија за патување „Conde Nast Traveler“ го прогласи островот Сиаргао на Филипините за најубав остров на светот.

Сиаргао е еден од 7.000 острови кој го сочинуваат филипинскиот архипелаг. На овој остров кој е преполн со скриени плажи и кристално чисти лагуни живеат приближно 200.000 луѓе. Познат е како исклучителна дестинација за сурфање, но има уште многу работи кои може да ги понуди.

Дестинацијата која мора да ја посетите таму е „Голиот остров“ кој поради белиот песок изгледа како да е фотошопиран. Популарни дестинации се и островот Магпупунгку и водопадите Тактак кои се сместени во близина на северниот врв на островот.

Според оцените на посетителите, на Сиаргао постојат неколку прекрасни одморалишта за туристите.