Силен ветер во Охрид открона кров од зграда и турна бандера (ВИДЕО)

|

Изминатите неколку дена се најавуваше силно невреме во Македонија, кое денес направи штета во балканскиот бисер.

Имено, како што пренесуваат охридските медиуми силиот ветер откорна кровна конструкција во денешното невреме што го зафати Охрид.

За среќа при падот на откинатиот дел од кровот на зградата на улица „Галичица“, немало повредени бидејќи во моментот улицата била празна. Причинета е само материјална штета.

На улицата „Ристо Чадо“, се урна бандера, пренесува Охридњуз.

Во видео кое Охрид24 го објави на Фејсбук, може да се види материјалната штета предизвикана од ветерот со силен интензитет и истото можете да го погледнете со клик ТУКА.