Силен земјотрес во Мексико, луѓето во паника излегоа на улиците(Видео)

ИЗВОРТелма
|

Силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди Мексико токму на денот кога земјата одбележуваше годишнина од разорните земјотреси од 1985 и 2017 година.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на брегот на Пацификот по што властите во земјата издадоа предупредување од можно цунами.

Според првичните информации едно лице загинало откако врз него се урнал потпорен ѕид во трговски центар.

Интересно е тоа што овој потрес се случува на истиот ден со разорните потреси кои го погодија Мексико во 1985 и 2017 година и по нецел час од огласувањето на алармот за земјотрес кој беше пуштен како потсетник на претходните два разорни земјотреси.

Погледнете дел од атмосферата таму.