Силен земјотрес ја погоди Турција

|

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде живеат околу 600.000 луѓе.

Засега нема информации за евентуални причинета материјални или човечки штети.