|
Земјотрес со јачина од 5 степени според европската сеизмилошка скала, е регистриран во 19 часот по локално време во јужниот дел на Грција, во Средоземното Море.
Земјотресот бил на длабочина од 40 километри, а бил почувствуван во локалните градови како Гитеио и Ираклон на Крит, а исто така со послаб интензитет бил почувствуван и во Атина, главниот град на Грција.
Денеска во ова подрачје беа почувствувани уште два земјотреси, а овој беше најсилниот. Во последните седум дена во ова подрачје се регистрирани преку 30 слави и со умерен интензитет потреси.