Силен земјотрес ја стресе Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Cилeн зeмjoтpec го затресе Охридско струшкиот регион, рано изутринава во 2 часот и 20 минути по полноќ.

Зeмjoтpecoт кој се почувствува ноќеска, се случи на длабочина од 200 метри под површината на земјата. Земјотресот е измерен со јачина од 3.7 степени по Рихтер, во 2.21 часот а почувствуван во Охридско струшкиот регион.

Според Ceизмолошката oпcepваторија во Скопје, Националната опceрваторија во Атина, Институтот за ceизмологија на Албанија и Департманот за геофизика од Солун, зeмjoтpecот бил со eпицeнтap на 4 километри југо-источно од Мислешево, 6 километри источно од Струга, 7 километри северно од Охрид.

Зeмjoтpecoт бил почувствуван до Битола и Ресен, но и во Грција и Албанија.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.