Силен земјотрес ја погоди соседна Албанија близу границата со Македонија утрово. Земјотресот беше со јачина од 4.4 степени според рихтеровата скала и ги разбуди Охрид, Струга како и другите градови во Југоисточна Македонија.
Конкретно епицентарот на земјотресот беше на 22км од Поградец, Албанија рано утрово во 4 часот и 2 минути на длабочина од само 2 километри.
Oваа област изминатава година, па и предходно знаеше да биде погодена од земјотреси со слична јачина, кои знаеа да ги вознемират граѓаните на двете држави во граничниот појас.