Силјановска Давкова во „Еден на Еден“: Бев бубалица, на мојот дечко му велеа „ќе те упропасти“

ИЗВОРСкопје24
|

Претседателските кандидати ја покажаа и својата друга страна, онаа позабавната, надвор од политиката. Во екот на кампањата пред претседателските избори Гордана Силјановска Давкова играше рокенрол со Жаре, а Стево Пендаровски одговараше на прашања за НБА.

Но, имаше уште многу други приказни кои синоќа ги открија само во „Еден на Еден“.

Силјановска Давкова раскажа дека била првак во возење ролшули, а две години претходно тој трофеј го понел Васил Тупурковски. Таа зборуваше дека била „девојчето со сите петки“, па сите го предупредувале нејзиното момче дека „ќе го упропасти“, сè додека не ја виделе како танцува. Професорката раскажуваше за медитацијата, за патувањата, за студентите…

Пендаровски, пак, зборуваше за напорното темпо за време на претседателската кампања. Тој раскажа дека за време на кампањата кога првпат се кандидираше, во еден момент го изгубил гласот и совет побарал од Виолета Томовска. Тој се потсети и на младоста преку стари фотографии и призна дека дури кога почнал да се занимава со политика им станал интересен на девојките, како што вели „Преку ноќ станав поубав“.

– Во 1996 година за првпат се појавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот. За жал, тогаш нагло станав популарен кај девојките – одговори Пендаровски на прашања поврзани со неговата младост.

Прашањето на кое и двајцата имаа ист одговор е како во еден збор би го опишале Бранко Црвенковски, а одговорот беше „Мангуп“.

Погледнете ја „Еден на Еден“ со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски: