Силјановска: Имам попривлечни фотографии во бикини но не сакам да сум инспирација на мажите

ИЗВОРСкопје24
|

ВМРО-ДПМНЕ го избра својот кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.

Со 408 гласа, професорката Гордана Силјановска Давкова делегатите ја избраа за кандидат за претседател на партијата.

После ова кандидатката за претседател на државата се најде на низа критики поврзани со нејзиниот изглед, а таа на својот профил на Фејсбук јавно го кажа својот став на оваа тема:

Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со “лажни” слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното!

Ова денеска го напиша Гордана Силјановска на Фејсбук и објави видео.

Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со "лажни" слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното!

Gepostet von Gordana Siljanovska Davkova am Montag, 18. Februar 2019

Гласањето инаку се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија, велат од партијата.

Гласаа вкупно 519 делегати.

Јасно ми е не може да се оди на избори, а камо ли да се победи ако зад вас не стои силна партија, но ако некој добил таква поддршка има обврска да се држи до она најважното – само владеењето на правото не води кон ЕУ, изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова во говорот пред дегелатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја избраа на претседателски кандидат на партијата.

-Еден од првите чекори треба да биде формирање на експертско тело од домашни и странски експерти и да подразмислиме како да ја направиме Република Македонија фунцкионална држава по европски стандари. Еве некои мои размислувања. Во Уставот нема консеквенто формализирана поделба на власта. Собранието може да и изгласа недоверба на владата, владата ќе замине а собранието ќе остане. Тоа не е во ред, треба заедно да живејат и да умираат, за да има спреги и кочници. Понатаму, премиерот не може да смени министер, туку тоа треба да го направи собранието. Владата треба да биде тим со еден премиер, но ние имаме две општества, две влади и тоа не може така да функционира. Понатаму, во Уставот мора да се регулира положбата на Уставниот суд… – рече Силјановска.

Нејзиниот најсериозен противкандидат, пратеникот Влатко Ѓорчев вели дека не е разочаран што не ја доби довербата од делегатите на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Тој вели дека делегатите биле слободно да гласаат како што сметаат дека треба.

„Немам никакви замерки за процесот. И честитам на Силјановска и и посакувам успех на претседателските избори. Јас и стојам на располагање, за се што треба слободно нека ми се обрати. Наш противник е СДСМ. Во ВМРО-ДПМНЕ одиме заедно и обединети во победа“, рече Ѓорчев за „Независен весник“.

Инаку, во изборот за претседателската кандидатура се натпреваруваа Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.