Силниот ветер предизвикан од невремето, скрши крошна од липа засадена во паркот Жена-борец, во центарот на Скопје, објави Нова Македонија,
Крошната паднала врз двете коловозни ленти на улицата меѓу Градскиот трговски центар и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Во моментов, полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од улицата, сè додека не се отстрани стеблото од коловозот.
Инаки, оваа вечер и ноќ особено северната и источната половина од земјава ја чека силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празења, засилен ветер и град а секако во зоната на нестабилноста се очекува и позначително количество на воден талог, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, информираше метеорологот Славчо Попоски.
Поради падот на температурите на воздухот на високите планини врнежите од дожд ќе преминат во снежни врнежи. Ова предупредување се однесува секако и на овчарите кој во случај на електрични празнења своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги зашитат.