Силниот ветер во Охрид го поплави и шеталиштето (ФОТО)

|

Шеталиштето во Охрид е поплавено попладнево откако силниот ветер предизвика големи бранови.

Вода од езерото се излева на шеталиштето при што е невозможно да граѓаните да се движат во близина.

Според УХМР ваквото време ќе продолжи и во наредните денови. Не се предизвикани штети.

Фото: Емил Јовановиќ

Исто така, како што пренесуваат охридските медиуми силиот ветер откорна кровна конструкција во денешното невреме што го зафати Охрид.

За среќа при падот на откинатиот дел од кровот на зградата на улица „Галичица“, немало повредени бидејќи во моментот улицата била празна. Причинета е само материјална штета.

На улицата „Ристо Чадо“, се урна бандера, пренесува Охридњуз.

Во видео кое Охрид24 го објави на Фејсбук, може да се види материјалната штета предизвикана од ветерот со силен интензитет и истото можете да го погледнете со клик ТУКА.