|
Силните врнежи со дожд, а на многу места и со град продлжуваат и денеска. Најмногу наврна во Скопје, а најмногу штети има во општина Лозово, додека е поплавен и патот Тетово – Јажинце.
Невремето со силен дожд, ветер и град продолжува и денеска во поголлем дел од земјава. Попладневно најмногу врнеше во Скопје и во Тетовско. Во Тетово беа поплавени сите улици.
Се уште нема увид каде се нанесени штети, освен во Општина Лозово каде синоќа од градот има штети на нивите, на фотоволтаиците, а уништени се и автомобили.
Еве што изјави градоначалникот на Лозово, Бошко Цветков за Телма: