Дваесет и два литри дожд на квадратен метар наврнаа во Крива Паланка, 15 во Берово и Лазарополе, 14 во Виница, 12 во Скопје и Маврово, 10 во Претор, девет во Тополчани, осум во Битола и Ѓуриште, седум во Охрид, шест во Прилеп, четири во Тетово и Демир Капија, три во Штип и Пожаране, два во Гевгелија и еден литар на квадратен метар во Струмица, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето во текот на изминатата вечер беше облачно со врнежи од дожд, кои во Гевгелија, Битола, Струга и Охрид се проследени со појава на грмежи. Посилни процеси, посочуваат од УХМР, имаше во југозападниот дел од земјата, поточно над Охридско и Преспанско Езеро.
Во текот на ноќта се задржи претежно облачно, на места нестабилно време со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во утринските часови врнежите насекаде престанаа. Во Скопската котлина времето ќе биде облачно со повремен дожд и ретки грмежи.