Пороен дожд, пропратен со грмежи, вечерва зафати поголем дел од Србија, вклучително и Белград. Поради големото количество дожд што наврна, сообраќајот во некои делови од главниот град се одвиваше отежнато, а доказ за тоа се бројните видеа на социјалните мрежи.
Порталот Нова.рс јавува дека поради пороен дожд дошло до протекување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно денеска соопшти дека во текот на вечерните часови во поголемиот дел од Србија се очекува облачно време со врнежи од дожд, а во Војводина локален дожд со грмежи.Видеата можете да ги погледнете со клик ТУКА и ТУКА.