Силно невреме со град низ скопските населби Ѓорче и Карпош

|

Од попладнево делови од Македонија се зафетени од силно невреме проследено со силен дожд и грмотевици. Најпогодени во скопската котлина се населбите Ѓорче и Карпош. Интензивниот дожд поплави булевари, откорна дрвја, а летаа и чадори од летни тераси.

Низ делови од Скопје регистрирани се и врнежи од град.

„За среќа траеше кратко, можеби 2-3 минути. Ако продолжеше со тој интензитет ќе имаше големи штети“, вели една граѓанка која ја сретнавме на улица.

Од УХМР информираат дека слична појава има и во централна Македонија.Во Прилепско врнежите се проследени со грмежи, а во околината на Росоман и Градско има можна појава на град.

Инаку станува збор за судир на африканска и сибирска воздушна маса над Македонија.

Судир на африканска и сибирска воздушна маса ќе продуцира интензивни врнежи во доцните попладневни часови на повеќе места во Македонија, а наместа ќе бидат во форма на силно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Се претпоставува дека исклучително силното невреме би можело да потрае околу 20-тина минути.