Силно невреме со град во Тетово, улиците повторно поплавени

|

Денеска околу пладне во Тетово повторно имаше силно невреме со интензивен дожд и град што траеше триесетина минути, а притоа на улиците се направи поплава.

Тоа го потврдуваат и снимките кои се појавија на социјалните мрежи, а истите можете да ги погледнете со клик ТУКА.

Инаку во петокот кризниот штаб на Општина Тетово токму за денес најави дека ќе се врши чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.

-Над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите од кои 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави во петокот Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Во саботата на 28 мај патот од Шипковица до Бродец беше најмногу погоден од наноси со земја.