Силно невреме во Истанбул: Пороен дожд, грмотевици и торнадо

ИЗВОРНов лист
|

Големо невреме со силен ветер и обилни врнежи од дожд го погоди Истанбул на 23 јуни, по што се создаде и торнадо над вода, а голем дел од улиците беа поплавени.

Иако и претходно се случувала ваква појава, сепак глетката во торнадо над вода не е секојдневна за Турција, а за жал во невремето има и еден изгубен живот.

Торнадото се создало кај Езерото „Büyükçekmece“ во областа „Çatalca“, а глетката дефинитивно е застрашувачка и неочекувана. На повеќе места низ градот имало и поплави, а силниот ветер срушил и покриви од куќи.

На социјалните мрежи се раширија видеа од луѓе кои го „уловиле“ овој момент и силното невреме: