|
Силен ветер попладнево уништи два бора во кавадаречкото село Марена, кои го блокираа патот Кавадарци – Неготино.
Претседателот на месната заедница, Митко Камчев за МИА рече дека среќа во несреќа е, што нема пов редени луѓе и оштетени возила.
– Патот беше блокиран околу петнаесет минути. Со заеднички напори на месната заедница и локалната самоуправа Кавадарци, го надминавме проблемот и сè уште се работи на расчистување на остатоците од дрвјата на патот, појасни Камчев.