Актерката Јана Стојановска, која последниве неколку месеци живее во Букурешт, со сопругот Андрија Бојиќ и со синот Ненад кој има пет месеци, деновиве е во Скопје.
Јана вели дека нејзиниот син кој го носи името на покојн*от татко, бардот на македонското глумиште, Ненад Стојановски и мајка ѝ, актерката Силвија Стојановска поминуваат квалитетно време заедно додека таа е во Скопје. Дојдена е заради концертот на Раде Шербеџија на кој бев гостинка, и за снимањето на песната „Кад у*ре љубав“, која ќе ја работиме со браќата Тавитјан.
„ Силвија и Ненад се видоа за прв пат во Букурешт и тоа беше љубов на прв поглед. Имам сериозен проблем да го оставам , го носам секаде со мене , секаде каде што можам. Кога не можам, го чува баба му со неизмерна љубов. Искрено, иако бев противник на тоа да имам било каква помош додека е Ненад мал, мора да признаам дека тоа што можам да ја поделам љубовта со баба му и тетка му овде во Скопје е сериозно олеснителна околност. Драго ми е што ќе расте со луѓе кои можат да му подарат богатство од различни аспекти на животот“, ни изјави Јана зборувајќи и за сестра ѝ, актерката Ана Стојановска.
Повеќе прочитајте на Женски магазин.мк