Симеска Димоска: Трговците ја почитуваат мерката за замрзнати цени, до инспекторатот не пристигна ниту една претставка од граѓаните

|

Извршени се 600 инспекциски надзори, а трговците речиси 100% ги почитуваа мерките за змрзнати цени, рече во Топ Тема на Телма Анета Симеска Димоска, директорка на Државен пазарен инспекторат.

Таа рече дека биле регистрирани три прекршувања за кои на трговците им е изречена пропишана глоба. Симеска Димоска исткна дека не се регистринани ниту одредени заобиколувања од страна на трговците, а во Државниот инспекторат не стигнале претставки и пријави од граѓаните.

Директорката на Државен пазарен инспекторат смета дека нема да наидат на проблеми и при проверките на терен при спроведувањето на мерката за ограничување на трговските маржи, кој треба да започне да се спроведува од први март.