Симона Станковиќ: „Секој Македонец во Дубаи има свое искуство, но често се среќаваме со многу лоши услови за работа“

ИЗВОРСкопје24
|

Бројот на млади иселеници од Македонија кои сонот за поквалитетна работа го бараат надвор е се поголем, па тоа не поттикна да позборуваме со младата Симона Станковиќ која долги години работи во далечниот Дубаи. Како девојка која го обожава нашиот град и се обидува своето искуство да го пренесе на уште еден успешен проект наречен Балкан Чил, Симона е нашиот денешен Скопски лик на денот. Во разговор со нашата екипа ни раскажа како изгледа животот во туѓина, далеку од своите најблиски, за проблемите со кои се среќаваат сите иселеници, за тоа што всушност претставува Балкан Чил и секако за она што ја поврзува со нашето омилено Скопје.

1. Што е твојата прва помисла за Скопје?

– Дома! Дефинитивно каде и да одам кога ќе дојдам во Скопје се наоѓам дома. Тука се моите родители, сестра и две внуки кои со душа ме чекаат да се вратам од каде и да доаѓам. Но секако и пријателите без нив Скопје не е Скопје.

2. Што е главната причина што те натера да работиш надвор од Македонија?

– Искуството, како работното така и животното искуство. Дубаи е еден прекрасен огромен град кадешто во моите пет години научив премногу работи.

3. Какви се условите под кој работат странците во Дубаи?

– Секој Македонец, па да речеме и Балканец има различно искуство со Дубаи, многу е зависно како ќе се снајдеш на твојата прва работа и кои услови ќе ги добиеш од работодавачот. Има доста случаеви кадешто работодавачите даваат многу лоши услови за работа (ниска плата, лошо сместување итн.).

4. Дали како странец кој работи во Дубаи некогаш си почувствувала дискриминациија или поинаков однос само поради тоа што си странец?

– Па јас лично немав никаков проблем кога доаѓаше до моите вработувања, меѓутоа имав многу колеги кои беа дискриминирани поради нивната раса.

5. Сметаш ли дека повеќе Македонци кои работат надвор би се вратиле тука и би го вложиле својот капитал тука? И од каде идејата за Balkan Chil?

– Искрено, мислам дека во моментов многу е мал бројот на луѓе што враќаат назад, меѓутоа се надевам дека оваа бројка ќе се зголеми во текот на годините и се повеќе луѓе ќе се вратат и инвестираат тука. Што се однесува до Балкан Чил, тоа е првата пијачка на македонскиот пазар со домашно потекло која е микс од овошна сода и ракија (кај нас познато како бризер со ракија). Самата идеја за пијачката дојде на еден домашен ручек кај двајца претприемачи кои беа спремни да инвестираат во бизнис во Македонија, три години подоцна рецептурата за овој пијалок е заклучена со три одлични вкусови Праска, Јаболко и Лимон.

6. Бидејќи се работи за алкохолен пијалок, дали сметаш дека Скопјани конзумираат премногу алкохол или тоа е во границите на нормалата?

– Па алкохолот се конзумира насекаде во светот, а ние не сме искучок на овој тренд, така да би рекла дека тоа е во граници на нормалата.

6. Зошто го одбра баш егзотичниот Дубаи и што е она што најмногу те воодушеви таму?

– Дубаи е еден од ретките градови низ светот што имаш виза штом добиеш работа, легалниот систем како странец им е усовршен, каде што ти одма добиваш лична карта и одредени права со тоа, меѓутоа ти никогаш не стануваш жител на таа држава. Баш поради оваа причина Дубаи беше прв на листата каде што јас сакав да работам. Но имаше премногу работи од кои јас бев воодушевена, нивната организираност, убавите плажи, но и многу места за шетање од кои никогаш не ти се здосадува.

7.Сакаш ли многу да патуваш и која е твојата омилената дестинација?

– Патувањето ми е една од работите што сакам да ги правам многу често! Една од омилените дестинации до сега каде што сум била е Ротердам, а следна дестинација ми е Виена кадешто ќе ја претставувам Македонија и вооедно ке го презентирам Балкан Чил.

8. За крај кое e твоето омилено место во Скопје и што те врзува за овој крај?

– Многу тешко да кажам, ама највеќе ја сакам природата така ќе го издвојам Водно како мое омилено место.

(Наталија Јосифоска)