Шимпанзото Коко со пријателите пристигнуваат во Скопје ЗОО, а доаѓа и нова другарка за Кан

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот. Новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија. Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни.

„Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“- изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Инаку, пред неколку дена десет посетители биле избркани од Зоолошката градина во Скопје, поради непочитување на кодексот на однесување.

Избркани се 10 луѓе поради хранење. Пцуена, колнета ама ред мора да има, вели Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста, на „Фејсбук“.

Во скопската Зоолошка градина од средата се поставени табли со кодекс на однесување, со кој на посетителите им се укажува дека доколку ги хранат, вознемируваат или фрлаат ѓубре во животинските живеалишта можат да бидат казнети и отстранети од Градината.

Поставени табли со кодекс за однесување на пет локации во Зоолошка градина Скопје. На таблите јасно е истакнато дека…

Gepostet von Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје am Mittwoch, 10. April 2019

„На таблите јасно е истакнато дека секој кој храни, вознемирува, допира животни и фрла отпадок во нивните живеалишта, може да биде отстранет од градината, но и подлежи на казна. Искрено се надеваме дека ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните“, велат од ЗОО Скопје на Фејсбук.